Политика · Утринско издание 23.11. · вест 03 од 18
Собраниските тела денеска расправаат за извештајот на ЕК за Македонија
Во извештајот, објавен на 4 ноември, е констатиран напредок во спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст и целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2026 година денеска ќе биде разгледан на заедничка седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции. Документот беше објавен на 4 ноември годинава.
Во годишниот извештај се констатира напредок во спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст. Во извештајот е наведено и дека постои стопроцентна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Забележан е и напредок во дигиталната трансформација и науката.
Расправата ќе се одржи во салата "Голема купола" во Собранието. Во рамките на дебатата, членовите на двете тела ќе дискутираат за наодите и оценките содржани во извештајот.