Хроника · Утринско издание 23.11. · вест 17 од 18
Возач од Гостивар со 1,92 промили алкохол излетал од патот
Возачот Г.Б. (52) бил лишен од слобода откако излетал од магистралниот пат Гостивар-Стража под дејство на алкохол, соопшти СВР Тетово.

Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера го лишиле од слобода Г.Б. (52) од Гостивар.
Секторот за внатрешни работи Тетово соопшти дека при увид на сообраќајна незгода на магистралниот пат Гостивар-Стража, во близина на каменоломот, било констатирано дека Г.Б. управувал со возилото под дејство на алкохол.
Незгодата се случила во 20:05 часот, кога Г.Б. со патничко возило "бмв" со гостиварски регистарски ознаки излетал од коловозот.
Му биле измерени 1,92 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти СВР Тетово.