За нас
newday.mk е утринско издание на вестите што се важни. Секое утро објавуваме обично меѓу 15 и 20 вести од политиката, бизнисот, хрониката и светот, подредени по важност.
Секоја вест ја пишуваме од изворите што ја пренеле и секое тврдење го означуваме со изворот од кој доаѓа. Факт влегува во вест само кога го пренесуваат најмалку два независни извори или една официјална институција.
Пренесуваме што објавиле и изјавиле други, секогаш со наведен извор: "според", "изјави", "соопшти". Не тврдиме дека туѓото известување е наше. Листата на извори, со врски до нив, е на крајот на секоја вест.
Не земаме пари за да објавиме или да не објавиме некоја вест. Рекламите на newday.mk се само банери, јасно означени со зборот Реклама.
Ако забележите грешка, пишете ни на contact@tara.mk. Исправките ги објавуваме видливо, со датум, на крајот на веста.
newday.mk е сервис на Тара Визија ДООЕЛ Охрид.