Хроника · Утринско издание 23.11. · вест 07 од 18

Приведен 31-годишник од Тетовско за издржување затворска казна

М.Б. од Челопек бил спроведен во Затвор Тетово, каде што ќе издржува казна затвор од една година.

3 извора1 мин читањеОбјавено ✓ Проверено од уредник

Илустрација на празен затворски коридор со метални врати и бетонски ѕидови, нацртана со туш.
Илустрација: newday.mk

Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при Секторот за внатрешни работи - Тетово, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при Министерството за внатрешни работи, вчера во 13:30 часот го привеле М.Б., на возраст од 31 година, од село Челопек, Тетовско.

Тој бил приведен врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело по член 386 став 1 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.

Извори (3)

  1. РепубликаПриведен 31-годишнен насилник од Челопек за издржување затворска казна ↗
  2. КурирПриведен 31-годишник од Тетовско за издржување затворска казна ↗
  3. НетпресПриведено лице од тетовско за издржување затворска казна ↗
08Следна вест · ХроникаДржавјанин на Србија лишен од слобода на Табановце за возење со 158 километри на час