Хроника · Утринско издание 22.11. · вест 24 од 31
Тригодишно дете од Гевгелија почина на пат кон болница
Детето имало здравствени проблеми, а по насоки на јавен обвинител телото му е предадено на семејството, соопшти МВР.

Тригодишно дете од Гевгелија почина на пат кон болницата, а случајот бил пријавен во полицијата откако телото било донесено во Комплексот клиники "Мајка Тереза" во Скопје.
Според соопштението на Министерството за внатрешни работи, вчера околу 13:40 часот во СВР Скопје пристигнала пријава од клиниките дека кај нив било донесено починато дете. Детето претходно имало здравствени проблеми, но починало за време на транспортот кон болницата.
По пријавата, полициски службеници излегле на местото на настанот и презеле соодветни мерки. По насоки на јавен обвинител, телото на починатото дете било предадено на семејството. Во полициското соопштение не се наведени дополнителни детали за здравствените проблеми со кои се соочувало детето.