Хроника · Утринско издание 25.11. · вест 20 од 20
Родител на ученик во Аеродром по телефон се заканувал на родители, наставници и деца
Случајот е пријавен во СВР Скопје во понеделникот, а оттаму велат дека се работи на неговото расчистување.

Родител на ученик во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром во четвртокот, 19 ноември, телефонски се јавил кај родителите на друг ученик и упатувал закани кон нив и кон други родители, наставници и деца. Случајот е пријавен во СВР Скопје во понеделникот, 23 ноември. Од СВР Скопје велат дека се работи на расчистување на случајот.