Хроника · Утринско издание 27.11. · вест 16 од 20
МВР: Пријавено дека малолетник од дом за згрижување имал полови односи со возрасни
СВР Скопје ги истражува околностите и локациите што ги посочил малолетникот.

Јавната установа за згрижување деца на 25 ноември пријави во СВР Скопје дека малолетник, кој претходно се оддалечил од установата, според пријавеното, во стан имал полови односи со возрасни лица.
Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Од СВР Скопје изјавија дека случајот се истражува за да се утврдат сите околности на настанот и посочените локации од сведочењето на малолетникот.
Од Центарот за социјални грижи во Скопје изјавија дека ја известиле полицијата која треба да го истражи случајот. Според Центарот, веднаш откако детето раскажало на старателка, реагирал и интервентниот тим, а прибраните информации се споделени во пријавата до полицијата.