Хроника · Утринско издание 26.11. · вест 15 од 21
МВР: Малолетничка тешко повредена од "ауди" во Скопје
Несреќата е пријавена вчера околу 22 часот, а се случи на крстосницата меѓу улицата "Цветан Димов" и булеварот "Крсте Мисирков".

Во Скопје вчера околу 22 часот е пријавена сообраќајна несреќа во која 15-годишна девојка беше тешко повредена. На крстосницата меѓу улицата "Цветан Димов" и булеварот "Крсте Мисирков", патничко возило "ауди" со скопски регистарски ознаки удрило во малолетничката. Зад воланот на возилото бил 45-годишен маж од селото Танушевци.
Телесните повреди на девојката биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники "Мајка Тереза". Полицијата извршила увид на местото на настанот и работи на расчистување на случајот.